И перењето алишта ќе се прави со „паметна технологија“


Компанијата „Самсунг“ на годинешното шоу за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас, ја најави својата нова генерација на машини за алишта, засновани на Квик-Драјв технологија.

Новата машина ќе може да се поврзе на интернет и работи на принципот на Самсунг Смарт Тингс еко-системот, што перењето го чини побрзо и поефикасно.

Помошниот систем при перењето, наречен Ку-рејтор, има смарт-одлики коишто го поедноставуваат процесот. Програмата ќе може да дава автоматски препораки за оптимален циклус на перење, врз основа на бојата, видот ткаенина и степенот на валканост според проценката на корисникот. Исто така, корисниците ќе можат да одредат и кога перењето ќе заврши.

Хоум Кер Визардот пак, има задача да ја следи машината, за таа да се задржи на оптималната работа, како и да обезбеди едноставни упатства за одржување.

Според потребите и желбите на корисникот, машината пере квалитетно и до 35 отсто побрзо во споредба со досегашните Самсунг модели.