И Вучиќ има коњ за трка: „Аудито“ на српскиот претседател главна тема во Хрватска


Хрватскиот весник „Јутарњи лист“, во денешниот текст „Моќниот автомобил што им падна на сите во очи“ во детали ја опишува лимузината во која за време на официјалната посета на Загреб се возеше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Автомобилот на Вучиќ може да достигне 100 км/ч за 6,5 секунди и чини околу околу 140.000 евра, пишува „Јутарњи лист“.

Станува збор за блиндирана лимузина на германскиот производител „Ауди“ со ниво на балистичка заштита 9, чија каросерија е направена од материјал вообичаено наменет за производство на воени возила и е отпорна на куршуми, се наведува во текстот.