Итната помош ќе добие 12 нови возила


Министерството за здравство почна јавна набавка на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош. Дополнително се очекуваат уште три возила од донација.

Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил.

Ова ќе значи зголемување на капацитетите на здравствените установи со возила за Итна медицинска помош, кои ќе бидат распределени во установите каде е најкритична состојбата и каде недостигаат.