Итен состанок на Коѕијас и Ципрас за името
За вчерашната средба во Њујорк, за текот на преговорите и за презентираните предлози од медијаторот Нимиц, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер на нивната денешна средба во премиерската палата.
Состанокот, како што јавува дописникот на МИА од Атина, бил закажан за попладневните часови, а официјално не беше најавен ниту од кабинетот на Ципрас, ниту од грчкото МНР.
Ципрас и Коѕијас над еден час разговарале за последните случувања во разговорите за името, но без за сега да има дополнителни детали за состанокот.
Веднаш по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Алексис Ципрас, од премиерската палата, според грчките медиуми, се упатил кон Атинската архиепископија на работна вечера со архиепископот Јеронимос, а коментарите во Грција се дека не е случајност што веднаш по Коѕијас, Ципрас се сретнува со архиепископот.
По разменетите писма во однос на прашањето за името и ставот на ГПЦ дека не прифаќа име со вклучен терминот Македонија, според грчките медиуми, се очекува, проблемот меѓу Македонија и Грција да биде главната тема на средбата Ципрас – Јеронимос