Исчезна Сњежана Тројачанец, професорка на Земјоделски факултет


Жена од Скопје исчезнала утрово. Пријателите на Фејсбук ја споделуваат нејзината фотографија за доколку некој ја види, да може да ја препознае.

„Ве молам помогнете. Утрово е исчезната мојата најсакана Сњежана Тројачанец. Пред седум часот. Слаба, висока со прекрасни сини очи. Најверојатно е во пиџами и кафена јакна. Ве молам ако некој ја препознае, јавете. Населба Тафталиџе“, е постот што се шири на Фејсбук.

Тројачанец е професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.