„Исцелител“ ќе биде првиот прикажан филм во Пехчево по 10 години


Со македонскиот кандидат за Оскар, „Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески, по пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм.

Како што информира директорот на Домот на културата, Ана Марија Теохарова, ова е поттик во градот повторно да заживее кино проекцијата.
-Ова е прво прикажување игран филм во Домот на култура „Јане Сандански” по речиси 10 години. Се надеваме дека ќе биде полн погодок особено за младите и љубителите на филмот кои досега за кино проекции мораа да патуваат во главниот град и со тоа да ги задоволат своите филмски апетити, рече Теохарова.
Премиерата на „Исцелител” во Пехчево е закажана за 4 јануари.
Теохарова која од неодамна е нов директор на Домот на култура, најави поголем број културни активности и враќање на дел од манифестациите кои на времето беа препознатливи за Пехчево. Ги пвоика младите да ги достават своите предлози, иницијативи, идеи и предлози со што ќе придонесат за збогатување на културниот живот во градот.