Кировски: Ибра е убиец и најдобриот фудбалер кој некогаш играл во САД


Лос Анџелес Галакси очигледно нема намера лесно да ја пушти својата голема ѕвезда Златан Ибрахимовиќ. Веќе неколку месеци се зборува дека Швеѓанецот сака да се врати во Милан и едвај не таков договор се сметаше за сигурен, без дури да се бара мислењето на Американците.

Но генералниот директор на Галакси, Јован Кировски даде до знаење дека 37-годишниот ветеран има договор и надежите на раководството се тој да го исполни.

На почетокот од годината, Ибрахимовиќ потпиша до крајот на 2019 година.

– Златан е голем играч и помага како на нас, така и на целата МЛС Лига. Тој е убиец и најдобриот фудбалер кој некогаш играл во САД, секогаш сака да бележи. Затоа треба да сте свесни дека неговиот договор со нас не истекува и има уште една година од него. Сакаме Ибра да се чувствува среќен во нашиот тим и правиме сé за да е така. Целото раководство работи на прашањето да ги расчисти сити сомневања дека тој ќе продолжи да работи со Лос Анџелес Галакси, изјави Кировски.