Интер ја доби битката со Јувентус за дефанзивец на Манчестер Јунајтед


Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан, наскоро ќе го напушти клубот, објавија медиумите во Италија.

Според „Калчомеркато“, 29-годишниот Италијанец ќе премине во Интер, што доаѓа како мало изненадување, откако пред неколку дена се тиражираа вести на Апенините дека тој бил договорен со Јувентус.

Миланскиот клуб му понудил на Дармијан плата од 3,8 милиони евра годишно, додека конкурентите од Торино за 300 илјади помалку.

Во актуелната сезона, Дармијан одигра само 6 натпревари за Манчестер Јунајтед.