Интер со понуда за Валенсија


Раководството на Манчестер Јунајтед продолжува да се бори со еден од најголемите проблеми од почетокот на сезоната. На почетокот на кампањата имаше повеќе од 10 играчи чии договори истекуваат на крајот на сезоната.

Еден од нив е на капетанот Антонио Валенсија. Интерес кон него има од италијански Интер, откако медиумите на Апенините дури напишаа дека гигантот од Милано веќе упатиле понуда за фудбалерот.

Минатата година, Валенсија беше стартер кај Жозе Мурињо, но во оваа тоа не беше случај. Тој честопати е погоден од повреди и ретко игра, и во моментов одбива да го обнови договорот со клубот од „Олд Трафорд“.