Интер го продава Перишиќ за 40 милиони евра


Раководството на Интер одлучи да го продаде Иван Перишиќ, бидејќи тренерот Лучијано Спалети е незадоволен од играта на Хрватот во првиот дел од сезоната.

Според „Кориере дело Спорт“ Интер сака да добие 40 милиони евра за Перишиќ и веќе преговара со Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид.

И Хрватот претходно изјави дека сака да игра во Англија.

Перишиќ се пресели во Интер во 2015 година од Волфсбург за 18 милиони евра. Оваа сезона постигна само три гола.