ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Со оваа Влада Македонија ќе ги надмине и најкриминалните држави


На редовниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа на ден 23.04.2018 беше анализирана актуелната економска, политичка и општествена состојба во државата,  соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Извршниот комитет констатираше дека економската состојба во државата се влошува. Просечната плата повторно падна, а трошоците за живот се во постојан раст и го намалуваат стандардот на живеење на граѓаните. Покрај граѓаните со проблеми се соочуваат и стопанствениците особено градежништвото кое е во слободен пад, благодарение на катастрофалната реализација на капитални проекти од страна владата на СДСМ. Катастрофални се и состојбите во земјоделието и наместо да добијат гарантиран откуп на земјоделските производи, земјоделците едвај врзуваат крај со крај и се соочуваат со најниските цени последниве години. Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ констатираше и дека владата предводена од СДСМ нема стратегија за подобрување на економската состојба во државата. Основно барање на граѓаните останува вработувањето, но невработеноста стагнира последните 11 месеци, делумно поради влошената економска состојба, а делумно и поради немањето стратегија за привлекување на странски инвеститори на владата на СДСМ.”,се вели на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

“На состанокот беше разговарано и за низата скандали кои ја тресат владата на СДСМ изминативе неколку месеци. Станува збор за низа на милионски тендерски постапки каде постојат сериозни сомневања за криминал кој е на штета на граѓаните. Беше заклучено дека доколку не сопре коруптивното работење на криминалниот клан во власта, Македонија ќе ги надмине и најкриминалните држави од африканскиот континент. Се разговараше и за неажурноста на обвинителството кое иако по допрен глас е должно да започне истрага за сомнителните тендерски процедури спроведени од Власта, истрага сеуште нема. Повторени беа и ставовите дека во Македонија има отсуство на демократија, а владата нема демократски капацитет, белег кој го потврди повеќе пати изминатите 11 месеци. Беше забележано дека секојдневно се зголемува бројот на политички монтираните судски процеси против поранешни и сегашни членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел да се изврши притисок и заплашување на активистите на ВМРО-ДПМНЕ”, стои во соопштението.