Икарди за договорот: Ќе потпишам, кога Интер ќе достави коректна понуда


Преговорите меѓу Интер и капетанот Мауро Икарди за новиот договор продолжуваат.

Нова средба на сопругата и агент на Аргентинецот, Ванда Нара со менаџментот на „нероазурите“ е закажана за следната недела, а од Интер се навестува дека може да понудат нешто подобри услови за најдобриот играч на овој тим.

Во меѓувреме, Икарди денеска на својот профил на Инстаграм ја објасни својата позиција.

– Сакам да ја разјаснам ситуацијата за сите фанови на Интер, но и за сите „псевдо-новинари“ кои пишуваат разни работи, без оглед на фактите. Тие немаат поим што прават и забораваат дека ќе го продолжам договорот со Интер само кога клубот ќе достави коректна и конкретна понуда. Само тогаш можеме да зборуваме за продолжување на договорот и да ги избегнеме сите лаги кои лесно можат да се шират денес, пишува Икарди.