Икарди бира меѓу Јувентус и Наполи


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди сака да продолжи да игра во Серија „А“, информира „Кориере дело Спорт“.

Аргентинскиот напаѓач разгледува варијанти за да ја продолжи својата кариера, но не планира да ја напушти Италија. Според информација на изворот, следниот клуб на 26-годишниот играч може да биде или Јувентус, или Наполи, кои упатиле барања до Интер за правата на играчот во претходните периоди.

Икарди е во конфликт со раководството на Интер и може повеќе да не се појави на теренот во дресот на „нероазурите“. Договорот на играчот со тимот од Милано е до 2021 година.

Во сегашната сезона, Икарди зеде учество во 28 натпревари за Интер, со 15 гола и 3 асистенции.