Изложба на тема „Русите во Македонија (1920-1940)“


Изложбата насловена како „Русите во Македонија (1920-1940)“ ќе биде отворена во четврток во 19 часот на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ во Битола.

Постановката го претставува животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти…Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот Архив на Република Македонија.

Изложбата за отворена ќе ја прогласи Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Г-дин Олег Шчербак.

„Русите во Македонија (1920-1940)“ е организирана од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а ќе биде поставена за сите заинтересирани граѓани од 1. до 13. март.