Извршителка од Скопје пријавила обид за физички напад од гостиварец


Гостиварец со закани и навреди и обид за физички напад спречил извршителка од Скопје да постапи по девет предмети за извршување против неговиот син.

– На 22.06.2018 година во 13.15 часот во ПС Гостивар, извршителот  В.Ј. (54) од Скопје пријавила дека истиот ден во 12.30 часот во Гостивар, на влезната врата од домот на Е.Ќ., тој и се заканувал и ја навредувал, а се обидел и физички да ја нападне во моментот кога пријавителката како извршител постапувала согласно девет предмети за извршување кон лицето В.Ќ., кој му е син, наведуваат од МВР.

Е.Ќ. бил приведен во Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.