Извлечени групите за СП 2018: Португалија со Шпанија, Германија со италијанскиот „џелат“, Шведска


Познат е изгледот на групите за 21-то Светско фудбалско првенство, што од 14 јуни до 15 јули следната година ќе се игра во Русија.

Ждрепката, која се одржа попладнево во Москва, го одведе европскиот првак Португалија во иста група со Шпанија во меч од првото коло.

Интересна ќе биде Ц групата во која покрај Аргентина и Хрватска ќе бидат и најпријатното изненадување од последното ЕП, селекцијата на Исланд, како и традиционално непријатната Нигерија.

Светскиот првак Германија одбраната на титулата ќе ја започне во дуел против Мексико, а во конкуренција ќе бидат и Шведска и Јужна Кореја.

На рускиот Мундијал ќе настапат 32 земји кои ќе бидат распоредени во осум групи.

А група: Русија, Саудиска Арабија, Египет и Уругвај

Б група: Португалија, Шпанија, Мароко и Иран,

Ц група: Франција, Австралија, Перу и Данска.

Д група: Аргентина, Исланд, Хрватска, и Нигерија.

Е група: Бразил, Швајцарија, Костарика и Србија.

Ф група: Германија, Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Г група: Белгија, Панама, Тунис и Англија,

Х група: Полска, Сенегал, Колумбија и Јапонија.

Двете прворангирани селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во нокаут фазата, односно шеснаесетинафиналната рунда.

Натпреварите од Мундијалот во Русија ќе се играат на вкупно дванаесет стадиони во единаесет града – Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новогород, Самара, Саранск, Ростов, Сочи и Екатеринбург.

Првенството ќе биде отворено на 14 јуни во Москва со натпревар кој ќе игра на стадион „Лужники“ во кој домаќинот Русија за противник ќе ја има селекцијата на Саудиска Арабија. На истиот стадион на 15 јули ќе се игра и финалниот меч.

Бранител на трофејот е Германија, а првпат на завршницата ќе настапат и Исланд и Панама