Изборите во 2019 година ќе ја чинат Грција над 30 милиони евра


Министерството за внатрешни работи на Грција започна со подготовки за изборите во текот на оваа година, со набавка на потребен материјал: хартија за гласачки ливчиња, коверти, гласачки кутии, паравани… за што досега се одвоени над 30 милиони евра од државниот буџет.

Ова е изборна година за Грција. Во мај ќе се одржат локални и евроизбори, а доколку нема одлука за предвремени парламентарни избори, тогаш тие регуларно ќе се одржат на есен, веројатно во октомври.

Според одлуките од грчкото МВР, објавени на официјалниот сајт за транспарентност, во текот на месецов одобрени се :

– 17. 113 488 евра за гласачки кутии, од кои 12 милиони евра за набавка на кутии за потребите за изборите во 2019 година, а над четири милиони за можно зголемување, за 40 отсто на кутиите;

– 5. 701 272 евра за набавување на 107.700 снопови гласачки ливчиња;

– 1. 329 032 евра за покривање на трошоците за набавка на 77. 000 000 коверти;

– 6. 688 560 евра за 87.000 паравани со специјални димензии.