Идната принцеза Меган Маркл: откриена скицата на нејзината венчаница


Англија- Откако американската актерка Меган Маркл (36) и принцот Хари (33) објавија дека ќе прават свадба на 19 мај, се чека само едно: кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница. Израелската дизајнерка Инбал Дрор потврди дека кралсското семејство ја контактирало и најавила дека таа може да биде дизајнерката која ќе го потпише фустанот за најважниот ден во животот на Маркл. „Дејли мејл“ веќе ги објави скиците како таа би изгледала, доколку го задоволи вкусот на оваа моментно најславна Британка.

Венчаниците на Дрор се гламурозни и софистицирани. Лани, на доделувањето на наградите Греми, нејзина креација носела поп-ѕвездата Бијонсе, а нејзините модели ги обожава и актерката Наоми Вотс.