Идентификувани неколкумина од учесниците во инцидените во Крушево


Идентификувани се неколкумина од лицата, кои вчера ширеа говор на омраза и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати, кои учествуваа на празнувањето на Илинден во Крушево.
Полицијата преку видеоснимки идентификувала неколкумина од учесниците во инцидентите и тие изутринава се повикани во полициски станици на разговор.
Изворите од истрагата за МИА нагласуваат дека откако таа ќе заврши сите сознанија ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.