Игуаин во Челзи до крајот на сезоната


Трансферот на Гонзало Игуаин во Челзи и официјално е факт. Веста беше објавена на веб страница на лондонскиот тим.

Аргентинецот се приклучува на „сините“ до крајот на сезоната на изнајмување од Јувентус за 9 милиони евра со клаузула за откуп вредна 36 милиони евра.

„Ел Пипита“ ќе го носи дресот со бр.9 и се појави со него по потпишувањето на договорот со клубот.

– Кога ќе добиете шанса да одите во Челзи, мора да ја искористите. Отсекогаш сум го сакал овој тим, кој има сериозна историја и прекрасен стадион. Тие исто така играат во Премиер лигата, каде што секогаш сонував да играм. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата. Не можам да дочекам да започнам и се надевам дека ќе се адаптирам брзо, изјави по потпишувањето 31-годишниот Игуаин.