Игор Јанушев нов ген-сек на ВМРО ДПМНЕ


Поранешниот директор на „ЈСП Скопје“, Игор Јанушев е новиот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, беше одлучено на денешниот состанок на Централниот комитет (ЦК) на партијата. Координаторорт на пратеничката група во Собранието, Влатко Ѓорчев и „несудениот“ амбасадор во Брисел, Александар Николовски се назначени за нови за потпретседатели на најголемата опозициска партија, дознава „Независен весник“.

На состанокoт на ЦК што заврши пред малку се потврдија и најавите на нашиот медиум за расчистување со дел од старите кадри кои беа потписници на писмото за промени во ВМРО ДПМНЕ или пак не му дадоа поддршка на новиот претседател, Христијан Мицкоски.

Неофицијално дознаваме дека членови на Извршниот комитет на партијата нема да бидат актуелните пратеници Антонио Милошоски и Илија Димовски, поранешниот парламентарен спикер, Трајко Вељановски, екс министерот за финансии Зоран Ставрески, еден од основачите на партијата, Борис Змејковски, итн. Затоа, пак, нови членови на ИК, како што брифираат партиски функционери, се „поразениот“ градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисајловски и поранешниот директор на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински.