Иванов им го честиташе Велигден на верниците од католичка вероисповед


Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
„За Христијаните, денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Празнувајќи ја победата на Исус Христос над смртта, ние со благодарност ја прифаќаме единствената жртва што може да нѐ откупи и ослободи од силата на гревот. Овој празник е и потсетување дека секој човек има непроценлива вредност и неотуѓиво човечко достоинство, што е вродено право и заемна обврска да ги почитуваме и прифаќаме нашите ближни и соседи со сите нивни разлики”, вели Иванов во честитката.