Иванка Трамп го гаси својот контраверзен моден бренд


САД–  Ќерката на Доналд Трамп и негова десна рака во Белата куќа, Иванка Трамп (36) го гаси својот контраверзен моден бренд, по една година дистанцирање од компанијата.

-Кога го стартував брендот не очекувавме толку успех. Брендот бара посветување а јас по 17 месеци во Вашингтон не можам тоа да го остварувам а да не чувствувам одговорност кон клиентите и партнерите. Затоа во договор со моите бизнис соработници одлучив да го згаснам брендот, изјави најстарата ќерка на Трамп.

Откако Иванка стана асистентка во Белата куќа, нејзиниот бренд постојано беше под напади од јавноста затоа што ја злоупотребувала својата положба и ги рекламирала модните парчиња „Иванка Трамп“ како подвижен билборд, носејќи ги  на настани и промовирајќи ги на социјалните мрежи.