Ибрахимовиќ нема намера да ги напушти ЛА Галакси


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ реагира на пишувањата на медиумите кои во последниот период шпекулираа со негово враќање во Европа.

Ибрахимовиќ вели дека нема планови да го напушти американскиот клуб, дури ни како позајмен играч на покус период.

– Имам договор со Лос Анџелес Галакси. Во зима, не планирам да заминам на изнајмување во европски клуб, ова не е потребно. Ако еден фудбалер припаѓа на еден клуб, тогаш тој мора да го фокусира своето внимание на игра таму, потенцира Швеѓанецот.

Оваа сезона Ибрахимовиќ настапи на 34 натпревари, постигна 23 гола и оствари седум асистенции.