Ибраими со хет-трик го реши Вардар


Вардар претрпе сериозен пораз од 4:0 на гостувањето кај Шкендија на реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Најзаслужен за победата на тетовчани беше Бесарт Ибраими, кој постигна хет-трик.

Ибраими прво погоди во 53. минута, потоа во 56. минута за водство од 2:0 и на крајот во 65. минута ја искористи грешката на Серафимов за 3:0.

Печат на триумфот стави Висар Муслиу со погодок во 80. минута од натпреварот за конечни 4:0.

Одлуката на Вардар во Тетово да одигра со комбинирана екипа ја искористи Шкедија и го елиминираше најсериозниот конкурент од битката за куп-трофејот.

Во полуфиналето на Купот на Македонија пласман обезбедија и Пелистер, Ренова, како и дебитантот во Првата лига, Академија Пандев. Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи во петок