Иако Билал Касами доби на суд, битката за Беса продолжува


Основниот суд Скопје 2 одлучи – Билал Касами останува претседател на движењето Беса и го одби барањето на дел од членството, кое побара по административен пат тој да биде сменет на челната позиција на партијата и на негово место да биде поставен Неџбедин Каремани.
Претставникот на движењето Беса, кое го поддржува Касами за прв човек на партијата, Абдуш Демири, преку прес-конференција ја обелодени одлуката на Основниот суд Скопје 2 и рече дека сега веќе е јасно дека нема раскол во партијата и притоа упати апел до членовите на другиот табор да се вратат, Во спротивно, им посака среќа ако се определат да оформат нова партија во Македонија.

„По период во кој една мала група незадоволни членови искажаа желба на илегален и на недемократски начин да го разрешат Билал Касами, манипулирајќи со граѓаните дека ја имаат поддршката на мнозинството, конечно прашањето е решено. Решено е дека немале мнозинство, но и немале методи за дејствување“, изјави Демири.

По само еден час, следуваше одговор од страна на спротивниот табор на оваа партија, односно на членовите кои го поддржуваат Неџбедин Каремани за лидер на движењето Беса.

„Ако се земе предвид дека апсолутното мнозинство на тие што ја оформија Беса веќе се изјасни за смена на веќе поранешниот прв човек , Билал Касами, како и ако се земе предвид дека мнозинството ќе биде дел од централниот комитет на партијата, сега веќе се е јасно: на конгресот, освен легитимноста, и легалноста ќе бидат на страната на мнозинството на Беса“, изјави претставникот на ова крило, Даим Лучи.

Сепак и од двете групации јасно се изјаснија дека иако пратениците на оваа партија се поделени,заедно ќе работат кога се во прашање реформите. Од двете групации на ја исклучуваат ни можноста доколку премиерот Зоран Заев постави официјална понуда, тие во блиска иднина да станат дел од владиниот состав.