ЗОИ 2018: Путин „се појави“ во Пјонгчанг


Рускиот претседател Владимир Путин не го следи во живо претставувањето на руската делегација на Олимписките игри во Пјонгчанг, но иако отсутен, тој сепак се појави на трибините на спортските арена, пренесе ТАСС.

За време на натпреварот меѓу Словенија и ОС Русија денеска, фанови во еден од аглите на трибините на хокеарската сала кренаа два големи транспаренти со ликот на Путин.

По десет минути, сепак полицијата ги симна, бидејќи МОК не дозволува истакнување на политичките пораки за време на спортски настани.
– Нема посилен од Русија во зимските спортови, пишуваше на еден од транспарентите.