ЗОИ 2018: Продадени 75 отсто од влезниците, остануваат многу од поскапите


На осум дена до почетокот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, организаторот соопшти дека се продадени околу 75 проценти од билетите.

Ли Хи-Бом, претседател на организациониот комитет на Игрите, објасни дека се откупени околу 800 илјади билети од вкупно 1,07 милиони и повика да се преземат „итни мерки“ за зголемување на продажбата на билети, особено за оние поскапите.

„Продажбата на билети достигнаа речиси 75 проценти, но ни остануваат многу од поскапите, па мора да преземе итни мерки за да ја зголемиме нивната продажба“, коментира Хи-Бом.

Некои билети достигнуваат цена од 750 евра, а најскапите за церемонијата на Отворањето на Игрите закажана за 9 февруари чинат 1,125 евра.