Зимско издание на Скопје синема сити


Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ја почнува новата година со својот прв настан односно со Зимско издание, на кое традиционално ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017.

На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, ќе имате можност да погледнете филмови чиишто проекции беа дел од третото издание на ССС. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме „Четири годишни времиња“. За секој настан ќе има посебно известување за содржините.

Скопје Синема Сити, преку својата платформа и избор на документарни филмови, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.

Целата програма:

02.02.2018 (Петок)

20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин)
21.30– Лиса Жерар:Светилиште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин)

03.02.2018 (Сабота)

20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин)
21.30 – Дејвид Боуви на БиБиСи (David Bowie at the BBC) (60 мин)

Картите ќе може да ги купите на билетарницата во Кинотека на Македонија или да се резервираат на телефон: 02 306 5968