Зидан: Јувентус е подобар тим од минатата година


За тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, претстојниот натпревар со Јувентус во Лигата на шампионите не е како останатите.

– Ова е посебен предизвик за мене, бидејќи Реал Мадрид и Јувентус ми дадоа многу. Но откако ќе почне натпреварот, повеќе не можам да мислам на тоа, бидејќи ќе се обидеме да ја завршиме нашата работа, изјави Зизу на веб-страницата на УЕФА, зборувајќи за неговата кариера како фудбалер.

Утре „белите“ гостуваат во Торино во првиот дуел од четвртфиналето на ЛШ.

– Знаеме дека против Јуве не очекува тежок судир, бидејќи овој ривал е подобар од минатата година. Луѓето можат да зборуваат што сакаат, но секогаш мора да се докажуваме, а не да се потпираме на она што е постигнато досега. Мораме да играме силно ако сакаме да одиме напред, но овие битки може да се развијат на било кој начин. Овој тим на Реал постигна исклучителен успех и мора да ја продолжиме традицијата. Имаме нова шанса да го освоиме турнирот и да го одбраниме трофејот, рече Зидан.

Во финалето минатата сезона, Реал ги победи „бјанконерите“ со 4:1 по многу силно второ полувреме.

– Овој пат се ќе биде различно. Може и повторно да го освоиме трофејот, но тоа нема да значи ништо. Во двата клуба секогаш треба да победуваш. Во овој поглед, Јуве и Реал се многу слични, заврши Французинот.