Зидан си замина од Реал Мадрид


Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објави денеска францускиот фудбалски стручњак. На прес-конференцијата, Зидан на ги извести новинарите дека оваа одлука е негова и е донесена самостојн. Под негово водство Реал изминатите три години ја освои Лигата на шампионите, двапати го подигна трофејот на Светското клупско првенство и Суепр купот на УЕФА, а има и една шампионска титула во Шпанија.