Здравствената состојба на Јулија Скрипал „брзо се подобрува“


Здравствената состојба на Јулија Скрипал „брзо се подобрува“, соопшти денеска болницата каде е сместена ќерката на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал.

– Состојбата на Јулија брзо се подобрува и таа веќе не е во критична состојба, соопшти болницата додавајќи дека нејзиниот татко е во „критична, но стабилна состојба“.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа нападнати со нервен агенс во Салисбури на 4 март. Британија ја обвинува Русија дека е одговорна за нападот.