Зграда од универзитетот во Кент да го носи името на Горан Стефановски, бараат студентите


Студенти од Универзитетот во Кент, Велика Британија, каде предаваше македонскиот драматург Горан Стефановски, со онлајн петиција побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.

„Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него“, стои во онлајн петицијата насловена „Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски“ (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski).

Иницијативата ја почна студент на Стефановски со име Хари МекГин.

Вчера, 5 декември, Стефановски беше кремиран во Кентербери, а бројни пријатели се простија од него.

Стефановски почина на 27 ноември во Кентербери, Велика Британија каде што живееше подолго време.

Тој е роден на 27 април 1952 година во Битола.