За 63 отсто зголемен бројот на продадени електрични автомобили
На глобално ниво е забележано зголемување на бројот на продадени електрични возила за 63 отсто во третиот квартал од оваа година, пред се поради зголемената побарувачка во Кина.
Во третиот квартал биле продадени над 287 илјади електрични и хибридни возила, а повеќе од половина од нив во Кина.
По Азија, втор по големина пазар за електрични автомобили е Европа, додека на третото место се наоѓа Северна Америка.