За 11 години помлад пејач: Се сврши мис на свет и актерка Пријанка Чопра


САД– Боливудската актерка со холивудска кариера Пријанка Чопра (36) се сврши со 11 години помладиот пејач Ник Џонас (25). За свршеничкиот дијамантски прстен, свршеникот ја затворил златарницата „Картие“ во Њујорк за да на мир го избере свршеничкиот прстен. Двојката е во врска речиси една година, а прв пат се појавија во јавноста на гала-вечерта на Метрополитен музејот во Њујорк.

Двојката неодамна беше во посета на Индија за да Џонас се запознае со мајка и со семејството.

Чопра во 2000 година е избрана за мис на Свет, а е позната ѕвезда во Холивуд од 2015 година откако глуми во трилер серијата „Квантико“.