За шест месеци Албанија ја напуштиле 2.500 медицински сестри


Во последните две години албанските бели мантили масовно ја напуштаат земјата и главно заминуваат во Германија.

Друштвото на медицински сестри изнесува алармантни бројки за бројот медицински сестри кои веќе ја напуштиле земјата и оние кои чекаат да заминат.

– Само во периодот јануари-јуни годинава во Германија заминаа околу 2.500 медицински сестри. Исто така, имаме информации дека околу 2.000 други веќе аплицирале и само прашање на денот е кога ќе заминат.Повеќето од нив се професионалци со повеќегодишно искуство а не штотуку дипломирани. Најбараните профили се за медицинска грижа во семејство, геријатриските болници, педијатрија и реанимација, вели Елсон Јачај, претседател на асоцијацијата на медицински сестри.

Посочува дека причина во прв ред е платата,но и условите за работа и недоволното почитување на овој кадар во здравствените установи,врз чии плеќи паѓа целата работа а се недоволно вреднувани.

Според него месечната плата на медицинска сестра во Албанија е 40 илјади леки,или 300 евра,додека на лекарите 65 до 70 илјади леки( едно евро= 126 леки),а во Германија основна плата за сестрите е 1.800 додека од 2.800 до 3.000 евра за лекар.

– Не знам каде ќе бидеме по неколку месеци а не за подолг период. Доколку продолжи оваа динамика сите ќе си заминат,кој ќе остане тука? Колку професионланци ќе останат и какви здравствени услиги ќе имаме во земјава ? се прашаува Јачај.

И ректорот на Медицинскиот факултет во Тирана,Арбен Ѓата се согласува дека причини се платата и условите за работа ,но и можностите за кариера. Тој наведува дека во просек секоја година Албанија ја напуштаат доколу 200 лекари од општа пракса но и специјалисти.