За „само“ 66 долари: Британец смисли интересен начин да ја продаде својата вила во Италија


Времето да се купат недвижности во Италија никогаш не било подобро, па се чини дека Италијанците во последно време ги делат бесплатно. Еден Британец одлучи да ја продаде својата куќа на интересен начин, а сегашната цена е само 66 долари.

Вредноста на неговата вила се проценува на 282.000 долари, а тој направил лотарија од продажбата и направил 6.000 лотариски листа. За да успее играта, мора да продаде повеќе од 4.000 ливчиња, а досега се продадени над 3.000.

„Се обидовме да ја продадеме куќата на вообичаен начин, користевме агенти за продажба и работевме напорно на различни начини, но пазарот едноставно не е погоден за овој начин на продажба. Затоа решивме да направиме натпревар во кој еден победник ќе ги земе клучевите од оваа прекрасна куќа во Италија“, рече Абот, еден од сопствениците.

Тие се потрудиле да ја направат играта што е можно попопуларна, па дури и направиле интернет-страница и имаат дадено многу интервјуа во врска со лотаријата.

Тие сакаат да бидат што е можно потранспарентни, а дури ќе даваат и награди за второто и третото место. Второто место носи парична награда од 13.270 долари, додека третонаградениот ќе добие кошница со храна и вино од Абруцо.

Натпреварот трае до 30 септември оваа година, а извлекувањето на победниците ќе се одржи во октомври.