За прв пат кралицата на карневалот во Рио не е Бразилка (ФОТО+ВИДЕО)


Деновиве актуелен е карневалот во Рио де Женеиро, кој секоја година привлекува милиони туристи во земјата.

Оваа година за прв пат кралицата на карневалот е девојка која е од Лондон. Нејзиното име е Саманта Флорс, која откако се вљубила во Бразил, дала отказ од работата која ја имала во Англија и се преселила во Рио, каде живее последните 10 години.

Ова е прв пат во 78 годишната традиција, на девојка која не е од Бразил да и биде дадена главната улога на карневалот.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на годишниот карневал во Рио: