За неполни два месеца во Албанија над илјада земјотреси


Албанското тло и понатаму не мирува. Земјата веќе два месеца е „жешко“ тло кога станува збор за потреси.

Според Институтот за сеизмологија последниот земјотрес регистриран е во подрачјето „Ѓири и Лалзит“ во близина на Драч.

-Потресот е регистран во еден часот по полноќ со епицентар на 11 километри длабочина на крајбрежјето, со јачина од 2,1 степен според Рихтер. На ова подрачје регистрирани се околу 800 потреси,откако беше регистриран првиот земјотрес со јачина од 5,2 степен на четврти јули,-потрдуваат од институтот.

Од таму додваат дека за не цели два месеца на територијата на земјата регистрирани се повеќе од илјада потреси,со различна јачина од 1,8 до 5,2 степени според Рихтер.

Освен во близина на Драч земјотрес исто така со јачина од 5,2 степена,на 11 август беше реистриран и во пограничното албанско гратче Булќиза,кое е во близина на албанско-македонската граница кај Дебар,поради што потресот силно се почувствува и во дебаркиот регион.

Во поширокото подрачје на Булќиза,каде припаѓа и областа Голо Брдо, оштетени се повеќе од 300 куќи, изградени од слаб материјал пред повеќе децении. Над четириесет куќи не се за живеење  поради што нивните сопственици со семејствата се сместени под шатори донација од албанската армија.

Албанската министерска за одбрана, Олта Џачка, пред десетѕина дена ги посети дел од семејствата при што ги обвини локалните власти за негрижа и индиферентност кон нив.