За Надал рекордите се само статистички податоци
Најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал со добрата игра урива рекорди, но наведува дека не им обрнува премногу внимание на статистичките податоци.
Надал вчера го совлада Гаел Монфис со максимален резултат со што ја продолжи низата на освоени сетови на земјена подлога, која сега брои 48.
Имено шпанскиот тенисер сезонава го урна рекордот на романскиот тенисер Илие Настасе од 1973 година за освоени сетови во низа на земјена подлога.
Него сега го дели само еден сет од изедначување со рекордот на Американецот Џон Мекинро на било која подлога, кој освои 49 сетови во низа во 1984 година.
– Изненаден сум. Секој пат дознавам за некаква статистика. Навистина не знаев. Не велам дека тоа е безначајно, но најважна ми е победата која ја остварив. Одиграв добар натпревар и победив. Единствената цел во осминафиналето е да играм што е можно подобро. Не сакам да размислувам за статистика, истакна Надал.
Шпанскиот тенисер всушност може и да го урне рекордот на Мекинро, ако одигра со максимален резултат против аргентинскиот тенисер Диего Шварцман во осминафиналето во Мадрид.