За малку ќе останеше инвалид, а сега е светски шампион
Од можност да остане инвалид, до планетарен шампион. Пред седум години беше закован за болнички кревет, денеска е на кровот на светот. Маркус Ајзенбихлер (27) е топ спортски лик по викендот зад нас, а неговата животна приказна и тоа како воодушевува. Во 2012 година имаше страшно тежок пад на глава во Обесдорф пришто се здоби со скршеница на третиот пршлен и уште неколку нагмечени.
Беше хоспитализиран, без чувство во нозете, со месеци не можеше да се движи и без на мисла да стави крај на кариерата. Но, нешто во него го колебаше, нешто во него му даваше сила и верба да се бори и да издржи. И издржа и успеа и како најголема сатисфакција дека борбата не беше залудна, покрај повторно застанување на нозе, е златниот медал на Светското првенство во скијачки скокови во Инсбрук.
Сè уште без победа во Светскиот Куп
А, внимавајте, досега нема ниту една победа во Светскиот куп. Седум пати завршуваше на второто место во натпреварите, но највисото на подиумот се немаше искачено. Се досега. Со скокови од 131,5 метри во првата серија и 135 метри во втората, Германецот ја „надлета“ конкуренцијата и заслужено ја дочека најголемата спортска радост во животот. Водечкиот во Светскиот Куп во оваа сезона, Рјои Кобајаши го освои четвртото место и остана без одличје, откако во втората серија имаше послаб дкок од Ајзенбихлер за дури девет метри.
Хоророт во Оберсдорф во 2012 година го направи посилен
Хоророт што беше термин во насловите на сите германски медиуми по падот пред седум години дојде како пресвртница во неговиот живот и кариера.
„Додека лежев долу, не чувствував ништо“, се присетува германскиот ски-скокач за несреќата што ја доживеа во Оберсдорф. За падот, вели, е виновен самиот и никој друг.
„Некогаш скокав така неконтролирано, помалку диво. Честопати не бев внатре. Додека лежев во болница си реков себеси дека ќе се вратам. Си реков уште нешто. Ако некогаш се вратам, тоа нема да се случи без да бидат 100 отсто подготвен. Ништо под тоа нема да ме задоволи. Или 100 отсто или ништо“, вели Ајзенбихлер.
Дилеми дали ќе прооди, а камоли дали ќе продолжи да скока
Скрешницата на третиот пршлен и неколјкуте нагмечени, траумата што ја доживеа и преживеа, неможноста да оди и сиот сплет на тешката клиничка слика што ја имаше беше причина за медиумите да тврдат дека оти веројатноста да прооди е тешка, а камоли да се врати на скијачките скокови. Голем дел предвидуваа крај на неговата кариера, но тој не се даваше.
И покрај црните прогнози, Ајзенбихлер, инаку германски федерален полицаец по занимање, се врати на скоковите по две години од тешкиот пад. Кам-бекот реши да биде на истото брдо на кое се случи несреќата со цел да го совлада стравот. И успеа.
Се врати на истото брдо на кое падна
Сезоната за враќање на скокалниците ја искористи за добра подготовка и на физички и на психолошки план. Беше упорен да биде истиот пред падот, а се надмина себеси и неговите очекувања и се етаблира во националниот тим и во 2015 година ја предводеше Германија до победа на отворањето на Светскиот куп во Клингентал. Како одминуваше времето, Ајзенбихлер добиваше на константност. Шампионска титула во поединечна конкуренција на Светско првенство дочека, по прва победа во Светски куп во скијачки скокови останува да трага.