За Денот на независноста 8 септември, движењето „Бојкотирам“ на протест и прослава


Под мотото „Среќен роденден Македонијо – Протестирам за да не е последен”, координативното тело против референдумот и движењето „Бојкотирам“ вечерва пред Собранието организираат прослава по повод 8 септември, Денот на независноста, ама и протест против Договорот од Преспа и против референдумот на 30 септември.

Дел од програмата е и музичката група  КУД „Никола Јонков Вапцаров”.

(Фото:Борис Грданоски)