„Заштитникот на белата раса“ избран за нов гувернер на Ломбардија


Кандидатот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Атилио Фонтана е избран за нов гувернер на италијанскиот регион Ломбардија.

На вчерашните регионални избори во Ломбардија, кои се одржаа заедно со парламентарните избори на национално ниво, Фонтана освои 54 проценти од гласовите.

Фонтана стана позната во пошироката италијанска јавност со неговата изјава од јануари годинава дека ќе се бори за „заштита на белата раса од имигрантите“.

Тој додаде и дека противењето на прием на мигранти не е манифестација на кснофобија или разизам, туку логична постапка.

– Италија треба да реши дали нашата бела раса и нашето општетсво ќе продолжат да постојат или ќе бидат збришани, изјави тогаш Фонтана.