Засилени активности на полицијата во тетовско – гостиварскиот регион за 1 Мај


Поради очекуваната зголемена фрекфренција на патиштата во пресрет на утрешниот празник -1 Мај, меѓународниот ден на трудот, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе го зголеми полициското присуство на патиштата на подрачјето во функција на непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно празнување.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, изјави дека според полициските предвидувања поголем обем на сообраќајот се очекува на патиштата што водат кон туристичките центри Охрид и Маврово, како и кон и околу повеќето излетнички места на подрачјето.

– СВР Тетово повторно упатува апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да бидат максимално внимателни и да избегнуваат конзумирање алкохол доколку планираат учество во сообраќајот, рече Јосифовски.

Од полицијата и со совети до излетниците да не палат огнови на отворен простор, посебно во близина на шума со цел да се отстрани можноста за пожари, како и пред нивното заминување да проверат дали зад себе оставиле и да ги соберат отпадоците.