Замена на две бебиња во Котор случајно откриена по 20 години


При лекарски преглед, едно семејство од црногорското крајбрежје случајно открило дека пред 20 години нивното бебе било заменето во породилното одделение во болницата во Котор.

По шокантно откритие, било утврдено дека нивното дете израснало во семејство кое исто така живее на црногорското крајбрежје. Овој случај добива и судски епилог, што беше и потврдено од болницата во Котор за весникот „Дан“.

Според доверливи извори на весникот, семејства чии бебиња биле заменети пред две децении во болница Котор се од Будва и Херцег Нови.

„Во тек е судски спор во врска со замена на бебиња во породилното одделение во болницата во Котор. По наредба на судот, се гарантира доверливоста на податоците, па ние сме должни да се придржуваме до одлуката на судот и не можеме да откриеме какви било информации во врска со спорот“, рече директорот на болницата во Котор, д-р Иван Илиќ.

Поради пропустот во которската болница, оштетените семејства, наводно, бараат милионска отштета.

Колку за потсетување, неодамна уште еден случај на замена на бебиња во Клиничкиот центар на Црна Гора ја потресе црногорската јавност, но, за среќа, случајот за брзо време беше расветлен.