Заев ќе отпатува на средба со американскиот потпретседател Пенс во Вашингтон


Премиерот Зоран Заев деновиве ќе отпатува на средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Вашингтон, неофицијално дознава Канал 5.

Не е познат форматот, ниту точниот датум на посетата, која се случува во екот на засилената меѓународна поддршка  на високи американски претставници во земјава.

Македонскиот премиер лани во август имаше билатерална средба  со Пенс во рамките на Самитот на земјите на јадранската повелба во Подгорица.