Заев по средбата со Мицкоски : Има приближување, но главните разлики остануваат


Враќањето на опозицијата во Парламентот беше една од темите на кои лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ разговараа на вечерашната средба во Владата.

– Во делот на враќањето во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ  ни ги соопштија ставовите околу притворите и јас имам апсолутно разбирање за тоа што и опозицијата го кажува дека не се враќаат додека не бидат комплетирани. Уште еднаш сакам да напоменам дека немаме намера апсолутно да вршиме притисок или влијание врз правосудството заради тоа што правосудството е независно и апсолутно важењето на законот е еднакво за сите и за јакнењето на правосудството ова е апсолутно е недозволиво, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по средбата со Мицкоски.

Додаде дека како политичка партии секако се  дека притворите не смеат да бидат казна и апсолутно треба да се минимализираат во државата, но, како што рече, тоа е обврска и право на јавното обвинителство и судовите во РМ.

Истакнувајќи дека уште утре би сакал опозицијата да се врати во парламентот уште еднаш апелираше да се вратат во Парламентот и оти тие можат да останат на своите позиции.

Премиерот истакна дека во однос на законот за употеба на јазиците се далеку од позиците. – Предлогот да се формира работна група која со уставни експерти би ги толкувале уставностите на самиот закон апсолутно е неприфатливо. Прво од принципиелни и прагматични причини, а тоа е дека постои Уставен суд во РМ и ако нешто е неуставно тоа треба да го каже Уставниот суд. Параламентот ги гласа законите, претседателот го употеби своето право на вето и го врати законот. И навистина ова законско решение е неовозможено право на помалку бројните заедници треба да се овозможи, а потоа постои Уаставниот суд ако навистина тврдат дека е неуставен. За нас законот е уставен и апсолутно не треба да го доведеме Парламентот во ситуација да ги толкува уставноста или неуставностите, истакна Заев.

Потенцира дека поднесените 35 илјади замандмани ќе го блокираат Собранието кое во најмала рака ќе остане блокирано до завршување на Самитот на НАТО кое се очекува да биде во јули.

– Апсолутно тоа не е одржливо. Сме демократи луѓе.Сакаме да разговараме со сите засегнати страни, но за жал се уште немаме решение на овој проблем. Ако се тргне на амандманска расправа би требало најмалку шест месеци за да се дискутира по амандманите. Овие амандмани се поднесени заради неуставноста на закнонот. Парламентот дефинитивно не е толкувач дали е уставен или не законот. Тоа е Уставниот суд и ако се има малку разум ќе се даде можност законот по пат на разговори со опозицијата да помине. Јас сум убеден дека Уставниот суд на крајот ќе каже дали нешто е уставно или не. И во тој дел за жал немаме некој разумни решенија помеѓу владеачкото мнозинство и опозицијата, изјави премиерот.

Се надеава дека во наредните денови ќе се искористи секоја можност во Парламент во работни групи да се најде решение.

– Едно знам дека не треба да дозволиме Македонија да биде блокирана во наредните шест месеци, кои се исклучително значајни за интеграцискиот процес посебно за пораката што ја испраќаме кон инвеститорите и мора да водиме грижа, но мора да водиме грижа и за демократијата. Може да одлучиме да го пуштиме процесот со сите амандмани и тогаш сите ќе знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за блокирање на процесите, рече Заев.

На средбата премиерот го информирал Мицкоски и за разговорите за името со Грција, каде како што рече, немаме некое поместување.

– Од средбата во Виена нема некое поместување. Апсолутно разговаравме за нашите стратрегии и детали. Го информиравме како шеф на најголемата опозициската партија за намерите како да течат преговарачките процеси. Секако тие остануваат на нивните познати ставови и ние остануаме на нашите ставови и остануваме оптимисти дека може да се најде решение за овој горлив проблем кој постои повеќе од 25 години, но притоа секако тоа да биде со сочувување на достоинството и идентитетот од двете страни во преговорите за името, рече Заев.

Повтори дека следува нова рунда преговори која ќе биде крајот на март или почеток на април под раководство на Нимиц. Дотогогаш ќе има билатерална средба меѓу двајцата министри. -Имаме најава дека Коѕијас ќе долета третата или четвртата недела од март, каде букавално со неговото доаѓање на аеродромот Скопје ќе може да направат обиди да некако ги приближат ставови, меѓусебно да се информираат,  да споделат очекувања или слично, а преговарачкиот процес ќе продолжи  под раководство на медијаторот Нимиц, рече Заев посочувајќи дека немаат добиено драфт верзија и оти ја очекуваат првата да дојде со Коѕијас.

Се надева дека по ова прашање може да изградат национален консензус.

Како што рече Заев, на средбата станало збор  и за законот за финансирање на политичките партии, нешто што треба да доведе до поголема независност на политичките партии од какави било донации, бизнисмени и слично, со цел, како што истакна, да ги направиме потранспарентни, а секако и потенцијално некорупмирани во иднина.

– Од тој аспект ќе ги примениме меѓународните практики каде што ќе биде прецизно регулирано, со цел да се стабилизира и тој процес на политичко дејствување во РМ во функција на зајакнато работење против корупцијата, но и секако во функција на зајакнато чесно отчетно и граѓанско ориентирано општество без разлика од тоа која политичка партија ќе биде на власт, рече Заев.

Тој и Мицкоски разговарале и за изборното законодавство при што договорено е да се усогласи до септември. Информира дека во тие рамки договорено е ДИК да биде административен орган, а политичките партии на шест месеци пред изборите ќе присуствуваат во ДИК. Целта е, како што посочи, да се воспостави едно трајно решение кое нема да предизвикува негативни влијание врз асамите политички процеси.

– Дотогаш договоривме, бидејќи Македонија мора да има ДИК, бидејќи во моментов нема, да го вратиме старото законско решение каде претседателот го предлага опозицијата, а мнозинството во ДИк од владеачкото мнозинство, појасни премиерот.