Заев понудил влез во Владата, ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија


Премиерот Зоран Заев денеска обелодени дека и понудил на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот. Но, ВМРО-ДПМНЕ го одбила ваквиот предлог, но останала цврсто на барањето за амнестија.
– Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме референдумот, но го одбија тоа. Им испратив покана да влезат во Владата додека не станеме полноправна членка на НАТО, до крајот на 2019, почетокот на 2020 година кога ќе почнат и преговорите со ЕУ. Но, готово е тоа сега, Го одбија предлогот. Беше речено дека само амнестија е интересот. Се бараше членот 353 и 165 од законот да се променат, истакна Заев во отвореното студиот на 1тв од Охрид.
Тој уште еднаш нагласи дека амнестија, директна или индиреткна, нема да има. Во текот на лидерските средби биле прифатени барањата на ВМРО-ДПМНЕ, законот за финансирање на политичките партии, законот за влада, а составот на ДИК бил договорен пред неколку месеци, а за да се постигне повеќе на опозцијата, рече, и понудил лепеза можности, кои значат одговорност на сите политички партии.
Заев на Мицкоски му понудил и, ако опозоцијата обезбеди 300.000 гласови против референдумот, може слободно да избере кога сака да има избори, но и тоа не било прифатено.