Заев му порача на Груевски дека е минато


Македонија очекува препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев во неговото завршно обраќање на собраниската седница за интерпелацијата против Владата.
Придвижувањето на патот кон ЕУ, според Заев, е показател за успешноста на владините политики, и покрај тоа што неговата Влада, како што рече, наследила цунами на сите полиња.

На поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше претпоследен говорник, Заев му порача дека е минато.Премиерот рече дека оваа 2018 ќе биде година на реформирање на судството. Исто така, Заев најави економска офанзива во текот на пролетта.

Тој ѝ порача на опозицијата дека е задоволен што гради консензус со неа и дека и прашањето за доверба на Владата го сфаќа како можност за корекција. Најави продолжување на политичкиот дијалог со ВМРО-ДПМНЕ.