Заев: Македонија понудила четири опции за промена на името


Македонија понудила четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Ројтерс, пренесе Дојче веле.

„Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, изјави Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој.
Прашан дали  Грција ќе биде задоволха со една од овие опцији, Заев одговара: „Да… некои опции повеќе ги преферираат, а некои не (во однос на името)“.

Македонскиот премиер вели дека останува отворено прашање дали постои „вистинска потреба“ за промена на Уставот на Република Македонија, нешто што Грција го бара последниве месеци.

Заев е убеден дека доколку со решението во спорот се зачува достоинството на граѓаните, тие ќе го поддржат тоа решение на референдум.